Илјадници Палестинци во Појасот Газа и понатаму живеат во училиштата, во кои се засолнија за време на 50-те денови судири меѓу Израел и Хамас, прекинати пред неполни две недели.
Во израелските воздушни напади врз таа палестинска територија уништени беа околу 17.000 куќи. Обновата се уште не е почната бидејќи на сила се уште е блокада воведена пред седум години од Израел и Египет со што е ограничен увозот на цемент и друг градежен материјал.
Израелски неименуван официјален претставник вели дека разузнавачките информации укажуваат дека Хамас веќе почнал да обновува тунели уништени за време на израелската воена операција и го обновува својот арсенал.
Појасот Газа со 1,8 милиони жители на 360 км/квадратни се уште трпи последици од претходните судири со Израел во 2008 и 2012 година. Речиси 100.000 жители од Газа немаат кров над глава и во училишта на ОН се уште има илјадници луѓе само една недела пред почетокот на школската година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пиеле вода помешана со фекалии, три дена распуст за учениците во „Димитар Миладинов“
-
Најлон наместо покрив на училиште поради политички препукувања меѓу општина Гостивар и МОН
-
Ова е играта „фрлање низ прозорец“ (видео)
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН