| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона бил пијан и се тепал во Дубровник

diego-maradona

Легендарниот аргентинтински фудбал Диего Марадона учестувал во синоќешната тепачка која се случила во Дубровник, јавуваат медиумите во Хрватска.

Тој бил во еден ноќен клуб и потоа пијан се степал со еден непознат човек. Марадона викал на шпански, а се слушнале и зборови на момчиња, кои му се обраќале на Марадона со зборовите „Diego, que pasa?” (Диего, што се случува?)

Посериозниот инцидент наводно го спречиле пријателите на Диего.

Во минатиот месец Диего учестуваше во уште еден инцидент, кога му влепи шлаканица на еден новинар, кој наводно ѝ намигнувал на неговата девојка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top