Значителна промена на времето нема на да има ниту овој понеделник. И овој трет, празничен ден од продолжениот викенд, нема да бидат особено наклонети метео условите, пишува Метеопро.
Повторно се очекува дожд, овој пат повеќе во текот на втората половина од денот. Врнежите ќе бидат повремени и со променлив интензитет. Дожд ќе има локално и во текот на вечерта.
Минималната температура ќе биде во границите од 14°С до 19°С.
Температурата преку ден нема да има поголема промена во однос на неделната. Максимална температура околу 24°С се очекува во северната половина на земјата, во југозападниот регион околу 23°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 29°С.
Во скопската котлина се очекува променливо време со повремен дожд и релативно ретка појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 25°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.