| четврток, 6 декември 2018 |

Солзавец и водени топови против демонстранти во Истанбул

759153-IstanbulReuters-1410102364-127-640x480Турската полиција употреби солзавец и водени топови против демонстранти во Истанбул, кои протестираат поради смртта на десетмината работници по паѓањето на лифт од една зграда која е во изградба.

Полицијата интервенираше откако околу илјада луѓе се собраа во близина на 32-катната зграда, со цел да го изразат гневот поради недоволната безбедност при градежните работи.

Во протестот учествуваат и околу 200 членови на синдикати, кои сакаа да и ги посочат на власта „десетиците причини“ кои ја предизвикаа трагедијата и можат да бидат причина за нови инциденти.

По несреќата полицијата постави кордон околу градилиштето, кој демонстрантите се обидоа да го пробијат, и не дозволи пристап до зградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top