Компанијата „Фунги-флора“ од радовишкото село Ораовица го започна откупот на сина слива од годинешнава реколта. Откупната цена за конзумните сливи изнесува 10 до 12 денари, а тресените и гнилите наменети за печење ракија се откупуваат за 6 денари по килограм.
За разлика од минатата година родот на сливи во Делчевско е многу послаб и по квалитет и по квантитет, а тоа е последица од невремето што на неколкупати го зафати ова подрачје.
– Откупните цени се ниски и нестимулативни, но благодарејќи на субвенциите од Владата,ќе обезбедиме рентабилност, вели Соња Иванова, производителка на сливи од село Тработивиште.
Се очекува наскоро да започне и масовната берба на сливи на плантажите на Комбинатато „Рудине“, кој има преработувачки капацитети и ладилник, не само за сопственото, туку и за производството на своите кооперанти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Два денара поддршка за стабилизирање на откупот на сливи
-
Производителите на слива не добија решение за откупот, утре ќе го блокираат патот кон границата со Бугарија
-
Блокиран патот Радовиш-Струмица, земјоделците протестираат


