Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешнал“ (АИ) ги обвини спротивставените страни во украинскиот конфликт за воени злосторства, вклучувајќи неселективно гранатирање, киднапирања, малтретирања и убиства, се наведува во извештајот кој е составен пред воспоствување на примирјето.
– Страните во конфликтот покажале негрижа кон животите на цивилите и грубо кршење на меѓународните обврски, нагласил во извештајот генералниот секретар на АИ, Салил Шети.
Истражувачите на АИ разговарале на терен со цивилите кои ги напуштаат градовите во источниот дел на Украина, тврдејќи им дека украинските сили интензивно ги бомбардирале нивните населени места.
– Нивните сведочења укажуваат дека нападите биле неселективни и можат да претставуваат воени злосторства. од друга страна, сведоците изјавија дека и сепаратистичките борци киднапирале, физички малтретирале и убивале нивни соседи, се додава во документот.
АИ, исто така, наведува дека Русија, која Западот ја обвинува дека тајно испраќа трупи и тешка артилерија во Украина како помош за проруските сили, „ги поттикнува злосторствата на сепаратистите во земјата“.
Оваа организација, со седиште во Лондон, потврди и дека поседува сателитски снимки и сведоштва, кои претставуваат „доверливи докази“ за приливот на руско оружје во источниот дел на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина