| четврток, 6 декември 2018 |

Нигериската армија уби над 50 борци на Боко Харам

Нигериската армија уби над 50 борци на исламистичката група Боко Харам при операција во североисточниот дел од земјата.

Војниците им заплениле оружје на екстремистите, вклучувајќи балистички ракети, оклопно возило и муниција.

Боко Харам, пак, изврши напад врз едно село во североисточната држава Адамава, во близина на границата со Камерун.

Ситуацијата во овој дел на Нигерија е многу тешка. Боко Харам моментно во регионот извршува силна офанзива, преземајќи под своја контрола неколку населени места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top