| четврток, 6 декември 2018 |

Пукал кон мачка – ја застрелал комшиката

пушка

Вчера околу 16,00 часот во с.Доброште-Тетово, во дворот од сопствената куќа И.М.(59) пукајќи со ловечка пушка „МП-153“ кал.12мм, која ја поседувал со дозвола, кон мачка која била во близина на ѕидот од соседниот двор, ја погодил соседката И.Х.(52), во пределот на левата надколеница.

Повредената е пренесена во Клиничката болница во Тетово.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top