| четврток, 6 декември 2018 |

Богата празнична програма во Крушево

Крушево ќе биде македонскиот центар, при одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија, кој истовремено е и ден на ослободувањето на градот. Празничните денови ќе бидат исполнети со богата и многу разновидна културно- уметничка програма.

рвиот ден, 7 септември ќе биде вистинско уживање за сите почитувачи на врвните гитарски мајстории на Влатко Стефановски. Влезот е бесплатен, а концертот започнува во 21:00 часот, пред споменикот „Илинден“.

Веќе следниот ден е посветен на македонскиот фолклор. Во Крушево на градскиот плоштад, во 20:00 часот, ќе заиграат и запеат играорците од Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“.

Од општината информираат дека доколку временските услови не се поволни, концертите на Влатко Стефановски и „Танец“ ќе се одржат во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево.

По концертните денови, следи денот посветен на копаничарите, кои деновиве во Крушево ја одржуваат својата 57 изложба посветена на Петре Филипоски- Гарката. На 9-ти септември во 20:00 часот, изложбата свечено ќе биде затворена, а по тој повод во храмот „Свети Никола“ во Крушево, ќе настапи хорот „Стив Наумов“ од Битола, кој ќе се претстави со духовна музика.

Сите овие настани се во рамките на манифестацијата „Крушево- град на културата за 2014 година“, во реализација на општина Крушево и Министерството за култура на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top