| четврток, 6 декември 2018 |

Киевскиот патријарх обвини дека Путин е под влијание на Сатаната

Претседателот на Русија Владимир Путин е под влијание на Сатаната и е соочен со вечно проклетство, освен ако не се покае, изјави украинскиот патријарх Филарет во соопштение

Тој е предводник на Киевскaта патријаршија формирана во 1992 година по распаѓањето на СССР.

– Со големо жалење треба да објавам јавно дека меѓу светските лидери изгледа се појавил нов Каин, но не по име туку по дела. Како што е првиот братоубиец во светот Каин, неговите акции покажуваат дека тој лидер е под влијание на Сатаната – наведува духовниот лидер во изјава публикувана на сајтот на Патријаршијата на украински, руски и англиски јазик.

Изјавата е насловена: „Новиот Каин“ и е објавена во првиот ден по влегувањето во сила на примирјето меѓу проруските сепаратисти и украинските сили.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top