| четврток, 6 декември 2018 |

Шекил О’Нил се пријавил да стане полицаец

Еден од највисоките НБА кошаркари и легенди на лигата, се пријавил да стане полицаец во Мајами, но прво мора да ги помине тестовите за физичка подготвеност.

Ако ги помине тестовите и ако биде прифатена неговата апликација, Шек ќе може да добива задачи како полицаец на улиците на Дорал, место во близина Мајами.
Покрај физичките тестови, ќе мора да помине и психолошки за да стане дел од Miami Beach Police Department, а според портпаролката на полицискиот оддел тие нема да му прогледуваат низ прсти.
Четри-кратниот НБА шампион во 2011 година ја напушти кошарката, а сега на 42 години, планира да и се приклучи на полицијата.
Според медиумите тој во 2005 година бил дел од полициските резерви во Мајами, па ова нема да биде ново искуство за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top