Вчера околу 15,30 часот во СВР-Велес, С.О. вработена во бензинската пумпа на „Мак Петрол“ пријавила дека две лица со патничко моторно возило „Опел Корса“ пуштиле во оптег фалсификувана банкнота од 1.000,00 денари.
Од страна на полицијата се превземени мерки, при што се затекнати лицата Р.З.(1978) и Џ.З.(1974) од село Г.Јаболчиште, при што кај истите се пронајдени и одземени три банкноти од по 1.000,00 денари со сериски броеви БН8113535, БА3938951 и ГА9732611, а во возилото се пронајдени една банкота од 500,00 денари со сериски бр.ВА3086932 и од 100,00 денари со сер.бр.МЊ275961, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.
Лицата се приведени, банкнотите ќе бидат доставени за вештачење, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


