| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец паднал од покрив додека поставувал олуци

Триесет и тригодишен жител на гостиварското село Добри Дол, тешко се повредил откако паднал од покрив на куќа, информираат од СВР Тетово.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 11:30 часот, во селото Добри Дол, кога Б.С. (33) поставувал олуци на куќа на негов соселанец. Непосредно по падот, тој бил пренесен во гостиварската општа болница. Таму му биле констатирани повреди по нозете и главата. Заради сериозноста тој итно е префрлен на скопските клиники.

На местото на несреќата е извршен увид, по што ќе се утврдуваат причините кои довеле до повредувањето на работникот.

Во последниве две недели, во гостиварско регистрирани се четири случаи на несреќи при работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top