| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку лица се борат за живот по сообраќајката кај Демир Хисар

Пред околу еден час во близина на демирхисарското село Жван се случила тешка сообраќајна несреќа – автобус што превезувал турски туристи се судри со камион .

Според првичните информации како што пренесува Канал 5 во несреќата потешко се повредени 5 лица. Тие се пренесени во болница во Битола.

Сообраќајна несреќа која се случила меѓу автобус со скопски регистарски таблички и товарно моторно возило  со приколка на патот меѓу демирхисраските села Сапотница и Жван кај местото викано Грбла, соопштија од битолската полиција.

Сообраќајната несреќа се случила во 13,45 часот. До сударот дошло додека автобусот се движел од Кичево кон Демир Хисар, а товарното возило во спротивен правец. Петте повредени лица се возеле во автобусот и според првичните податоци се работи најверојатно за турски државјани.

Од полиција не ја исклучуваат можноста бројот на повредени да биде поголем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top