По несреќата во русникот Распоточје во Зеница, во која загинаа пет рудари и 29 се повредени, претседателот на Синдикатот на рудникот Мехмед Оруч најави извлекување на телата на загинатите за денеска, откако претходно беше дадена официјална потврда за имињата на настраданите, јавија босански медиуми.
– Надлежност над јамата во Распоточје во рудникот за јаглен во Зеница, презеде федерален инспектор за рударство и тој дава насоки и наредби и спроведува протокол кога е во прашање јамата, изјави Оруч.
Спасувачките тимови од вчера ги лоцираа телата и почнаа со работа на обезбедување на дел од рудникот за да може луѓето кои ќе работат на извлекување на телата да бидат безбедни.
Тие вчера попладне мораа да прекинат со акцијата за извлекување поради безбедносни причини, бидејќи рудникот околу 14 часот беше погоден од нов „удар“ поради кој и настрадаа рударите во четвртокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Делегација на Советот на министри на БиХ утре во посета на Македонија
-
Колку колачи изеле мама и тато – Одговорот на овој ученик од Босна го насмеа Балканот (фото)
-
Во Босна и Херцеговина ќе патуваме само со лична карта
-
Русите одлучија да го искористат своето влијание на Балканот: Платеници обучени од Русија прават паравојска во БиХ (галерија)