Двајца млади од Загреб синоќа го склучија првиот геј брак во Хрватска, односно животно партнерство, објави здружението Загреб прајд.
– Среќно и се најубаво на двајцата младоженци од Загреб Прајд – беше објавено на страната на „Фејсбук“ на здружението.
Честитка е објавена и на „Твитер“ профилот на заедницата со фотографија од изводот на венчаните, под која пишуваше дека синоќа во Хрватска се пишуваше историјата.
Деталите за венчавката не се познати, се знае само дека младоженците се двајца млади од Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


