| четврток, 6 декември 2018 |

Тридневна викенд прогноза во еден збор- дожд

дождСАБОТА претпладне ќе помине во знакот на умерена облачност, но поголема е веројатноста за нешто подолги сончеви периоди на југот од земјата. Попладне повторно ќе има зголемување на облачниот слој, а со тоа ќе зачести и дождот. Истиот ќе има локален пороен карактер. Иако ослабнати, врнежите локално ќе продолжат и во текот на вечерта. Температурата ќе достигне максимална вредност околу 26°С во северниот дел на земјата, на југозапад околу 24°С и до 28°С во југоисточниот регион.

НЕДЕЛА ќе биде само малку посвежа од сабота, а ќе започне со претежно облачно време со услови за локален и слаб претпладневен дожд. Повторно попладнето и дел од вечерта ќе поминат во облачно и претежно врнежливо време.

ПОНЕДЕЛНИК ќе започне со релативно малку облаци и повеќе сончеви периоди. Попладне повторно се очекува зголемување на облачноста и појава на локален дожд. Но, врнежите  ќе бидат ослабнати и поретки во централниот регион. Денот ќе биде малку потопол во однос на сабота и недела.Температурата ќе достигне максимална вредност околу 27°С во северниот дел на земјата, на југозапад околу 25°С и до 30°С во југоисточниот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top