| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки-мун го поздрави примирјето во Украина

ban ki munГенералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го поздрави денеска постигнувањето на договорот за прекин на огнот во источниот дел на Украина, истакнувајќи дека е потребно спроведување на „веродостојно и сеопфатно надгледување“, со цел овој договор да биде успешно применет.

Нарекувајќи го овој договор „позитивна вест“, Бан нагласи дека ОН се подготвени да помогнат доколку тоа биде побарано од нив.

Тој, исто така, додаде дека украинскиот територијален интегритет мора да биде гарантиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top