Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е истовремено и оптимист и скептик кога станува збор за денеска договореното примирје во Украина, притоа повикувајќи ги своите европски сојузници да се договорат за нови санкции против Русија кои би можеле да бидат повлечени во случај мировниот план да успее.
– Со целосен почит кон договорот за прекин на огнот, ние секако сме оптимисти, но имајќи го предвид претходното искуство, тогаш сме скептични дали сепаратистите ќе го почитуваат, а Русите да прекинат да го нарушуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Тоа ќе мора да се провери, истакна Обама.
Тој додаде дека на на самитот на НАТО во Велс е испратена јасна порака до Русија дека нејзините акции ќе имаат последици и дека САД и Европа одредиле мерки со кои би ги прошириле санкциите во руските сектори на финансии, енергетика и одбрана.
Американскиот претседател нагласи и дека Алијансата јасно ставила до знаење дека ќе го заштити секој свој сојузник.
Обама оцени и дека воведувањето нови санкции против Русија ќе биде најдобар начин да се гарантира одржливоста на примирјето во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.