Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев ги презентираше плановите за индустриската зона Речани 2 пред бизнис секторот од Велес. Станува збор за индустриската зона близу село Мамутчево и викенд населбата на езерото „Младост“.
За Чадиев економскиот развој е приоритет на Општина Велес, а барањата на бизнисмените стануваат обврска за локалната влас. Целта е на велешките бизнисмени да им се презентираат напорите за заживување на економијата, но и да се согледа нивната желба и интерес за инвестирање во индустриските зони.
Индустриската зона во Речани е со површина од 28 хектари, додека зоната „Мамутчево” е со површина од околу 67 хектари. 4.5 хектари површина се предвидени за викенд населбата на езерото „Младост“.
Деталниот урбанистички план за „Речани 2” е пред конечно усвојување. Останатите два интензивно се подготвуваат. По нивното донесување истите ќе бидат ставени на продажба пред заинтересираните инвеститори,информира Мајсторов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


