Ситуацијата на границите на НАТО станува се посложена и се катактеризира со високо ниво на неизвесност, изјави денеска идниот генерален секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој ќе го замени Андерс Фог Расмусен на функцијата на 1 октомври.
– Растот на неизвесноста во светот се повеќе се приближува кон нас. На исток ја набљудуваме агресивната политика на Русија кон Украина, на југ се Ирак и Сирија, изјави поранешниот премиер на Норвешка, кој учествуваше на самитот на НАТО во Велс и се очекува вечерва да се сретне со претседателот на САД, Барак Обама.
– Сето тоа ни укажува дека Алијансата треба да биде силна и способна да одговори на предизвиците со кои се соочува. На овој самит на НАТО треба да одлучиме како можеме да ги зголемиме способностите на Алијансата за да ги заштити своите членки од секој, кој се обидува да посегне по нивниот суверенитет и независност. Тоа е главна задача на Алијансата во период од повеќе децении, нагласи Столтенберг.
Тој додаде дека во моментов не учествува во процесот на донесување одлуки, ниту како претставник на Норвешка, ниту како претставник на НАТО, но самитот му овозможува да ги зајакне личните врски со лидерите на земјите-членки.
– За мене денешниот самит е мошне важен, бидејќи тука се носат одлуки, кои треба да ги спроведувам. Земјите-членки имаат различни очекувања, различни ставови за престојните закани и предизвици. За мене е мошне важно да го видам НАТО во целина, сите 28 земји, нагласи Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


