| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот

porosenkoУкраинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека на денешната средба на Контакт групата за Украина во Минск е постигнат договор за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Договорот стапува во сила денеска во 15 часот по Гринич. Според ИТАР ТАСС, тој е составен од 12 точки, а според други западни медиуми содржи 14 точки, и е потпишан по двочасовни преговори.

Проруските сили, исто така, ја потврдија информацијата на социјалната мрежа Твитер.

Учесниците во Контакт групата ги продолжуваат преговорите во Минск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top