| четврток, 6 декември 2018 |

Лабина Митевска: Македонија и годинава ќе биде сјајна ѕвезда на филмското небо

labina-miteska-5

Македонија и оваа година ќе биде сјајна ѕвезда на филмското небо, вели Лабина Митевска, директорка на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во интервјуто за „РепубликаТВ“.

Јубилејно издание на Фестивалот оваа година ќе се одржи од 13. до 19 септември во Битола на кој ќе бидат прикажани вкупно 76 филма во осумте програмски категории. Дури 20 од нив се македонски проекти или филмски копродукции во кои учествува и Република Македонија.

Продолжува традицијата најважните македонски филмови првпат да се прикажуваат во рамки на фестивалската програма во Центарот за култура во Битола. Годинава, еден ден по свеченото отворање ќе биде прикажан долгоочекуваниот филм на Столе Попов, „До балчак“, а македонска премиера ќе има и социјалната драма „Деца на сонцето“ на Антонио Митриќески кој ќе го затвори фестивалот.


Разговараше: Александра М. Бундалевска
Видео: Дејан Станчевски и Жан Лековски
Монтажа: Илија Јовановски
Фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top