| четврток, 6 декември 2018 |

Умерен земјотрес го погоди Кипар

kipar

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во Средоземното Море западно од Кипар, соопшти кипарскиот Институт за геолошки истражувања.

Според информациите на Институтот епицентарот на земјотресот бил на 200 километри северозападно од градот Полис и на 260 километри од главниот град Никозија, каде потресот бил исто така почувствуван.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 80 километри длабочина.

Засега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top