| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдена смртта на четворица рудари во БиХ

Потпретседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Мирсад Кебо потврди дека четворица рудари ги загубиле животите во рудник во околината Зеница, додека петтиот се уште е во јамата и спасувачите не можат да стигнат до него.

Претходно Седин Хусиќ, претседателот на Синдикатот на рударите на Федерацијата БиХ, изјави дека според информациите што ги добил од припадниците на спасувачките служби петмина рудари не го преживеале земјотресот во зеничкиот рудник за јаглен, „Распоточје“.

Триесет и четири рудари беа блокирани 20 часа на 600 метри длабочина, откако два тунела во рудникот се урнале по експлозија на гас, предизивкана од лесниот земјотрес во околината на Зеница. Спасувачките екипи успеаја да ги извадат на површината на земјата 29 рудари.

Епицентарот на земјотресот со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала бил на 53 километри северозападно од Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top