| четврток, 6 декември 2018 |

По 12.000 денари за средношколците приматели на социјална помош

uceniciУчениците од средно образование од семејствата приматели на социјална парична помош и оваа година ќе добијат дополнителна помош во висина од 12.000 денари, истакна денеска на прес-конференција министерот за труд и социјална политика ,Диме Спасов.

– На секој корисник годишно ќе му се исплаќа по 12.000 денари, а исплатата се вриши на четири еднакви износи од по 3.000 денари. Овој износ останува непроменет и за оваа учебна година при што очекуваме дека годинава 9.000 ученици ќе го остварат ова право, рече Спасов.

Додаде дека оваа помош се реализира веќе пет години и потсети на условите за користење на Програмата.

– Корисникот потребно да е запишан како редовен ученик во средно образование, редовно да ја завршил претходната учебна година и да е на средношколска возраст. Корисникот може да користи условен паричен надоместок за средно образование се додека е редовен ученик и да присуствува најмалку 85 проценти од вкупниот број на реализирани часови. Исплатата ќе се врши на мајката на корисникот или на носителот на правото на социјалната парична помош определен од страна на центарот за социјална работа, појасни Спасов.

Министерот ги повика родителите корисници на социјална парична помош кои имаат дете средношколец, најдоцна до 30 септември да поднесат барање до меснонадлежниот Центар за социјални работи за користење на правото на Условен паричен надометок.

За реализација на Програмата што и оваа година ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјални работи, министерствата за образование и за финансии предвидени се 108 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top