Постар пешак е повреден предмалку во сообраќајната незгода што се случи на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје.
Како што потврдуваат од полицијата, несреќата се случила околу 11 часот, а пешакот, повозрасен маж, бил удрен од засега непознато возило.

Повредениот е пренесен во скопскиот Ургентен центар, а полицијата врши увид на местото. Сообраќајот се пренасочува во другата лента.
Фото: Игор Ангелковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


