Рускиот претседател Владимир Путин на својот близок пријател, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му кажал дека е „незапирлив“ во остварување на своите царски амбиции, објави британскиот весник „Дејли мејл“.
Берлускони по разговорот со рускиот лидер истакнал дека Путин е „крајно одличен“.
– Не можат да ме запрат, изјави Берлускони, пренесувајќи ги зборовите на Путин.
Италијанските медиуми јавија дека Берлускони сам предложил да биде посредник меѓу Кремљ и Западот за решавање на украинската криза.
Во исто време, НАТО предупредува дека 3.000 руски војници со стотици тенкови и оклопни возила во моментот се во Украина, а околу 20.000 војници се стационирани на руско-украинската граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.