
По последните апсења на Косово и претходно во Албанија и во Босна и Херцеговина и откриените врски на уапсените со медицински, научни и со воени инсталации каде што се користат или се користеле разни видови радиоактивни елементи, се зголеми стравот дека милитантите имаат потенцијал да создадат т.н. „нечистабомба“, којаможелесно да бидепоставена во урбани средини.
Примарни цели на вакви напади се дипломатски претставништва на САД и на Британија, но и на други земји што се сметаат за нивни најблиски воени партнери и тоа во земји каде што нивото на безбедност би дозволило активност на таканаречени „спијачи“ или луѓе што не се под надзор на безбедносните сили во земјите што се главна цел на радикалните групи.
Што е „нечиста бомба“?
Оваа замислена направа е радиолошко оружје што комбинира радиоактивен материјал со конвенционално оружје,односно експлозиви. Најчестите симулации се во контекст на мешање силен експлозив со радиоактивни елементи украдени од болници или воени инсталации. Целта на бомбата е да ја контаминира областа околу првичната експлозија каде што главна цел, во сите сценарија, се цивили. При експлозија на „нечистата бомба“се ослободува енергија многукратно поголема енергија од класичните експлозиви. Иако целта на овој вид оружје е да дисперзира радиоактивен материјал на голема територија,самата експлозија предизвикува поголеми по жртвите отколку од радиоактивното зрачење. Радиоактивното зрачењеможе да биде смртоносно за луѓето што би дошле во директен контакт со радиоактивните материјали што се во непосредна близина на експлозијата, но мала е веројатноста од смртоносни последици поради зрачењето на поголеми растојанија.
Поради тоа што овој вид бомба не може да предизвика големи смртни последици со изложеноста на радиоактивни материјали,многу стручњаци не сметаат дека таа е оружје за масовно уништување, туку дека е оружје за „масовно спречување“. Главната цел на тие што би ја употребиле е предизвикување паника.
Опасноста од ваков вид тероризам пред нецела година ја нагласи Јукија Амано,шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, кој предупреди и на можноста од нуклеарен тероризам. Според него,секоја година до Агенцијата се пријавуваат повеќе од сто кражби и други незаконски активности со нуклеарен и со радиоактивен материјал. Некои од нив никогаш не се најдени. Според изворите на „Република“ во домашни и во странски институции што го следат овој проблем, 140 пакети радиоактивен материјал се водат како исчезнати само минатата година, од нив дури 70 се украдени од институции, најчесто медицински или воени, во земјите на ЈугоисточнаЕвропа.
Токму земјите од регионот, пред сѐ,Косово, Албанија, Македонија, Турција, Бугарија и Босна и Херцеговина, се потенцијалните локации каде што би бил направен обид за експлозија на „нечиста бомба“. Блискоста на регионот до БлискиотИсток, порозноста на границите, големиот број поддржувачи на радикалните групи на Блискиот Исток и солидарноста на владите со акциите на Вашингтон во меѓународните воени операции каде што учествуваат и националните армии, го прави регионот прв на удар доколку ИСИС и другите милитантни организации дојдат во ситуација да создадат вакво неконвенционално оружје.
Македонија не кажува колку радиоактивни пакети ѝ недостигаат
Македонските власти задолжени за оваа проблематика досега во јавноста не објавиле дали од нивните складишта недостигаатрадиоактивни елементи. Главниот магацин за складирање и за преработка на радиоактивен отпад се наоѓа во близина на воениот полигон „Чојлија“, но неговото функционирање се води како највисока воена тајна и за него нема соодветни податоци во јавноста. Изграден е со помош на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) од Виена,која своевремено донираше 120.000 американски долари за опрема и за обука на кадарот што ќе биде ангажиран во складиштето. Многу тешко се доаѓа и до информации за тоа под чија надлежност е депото и кој се грижи за безбедноста на опасните радиоактивни материјали, кои се сѐ побарани на меѓународниот терористички пазар. Во земјава претходно функционираа уште неколку привремени складишта, кои уште во 2005 година беа речиси целосно исполнети со нискорадиоактивни елементи. Такви се магацинот „Југ“ и магацинот во скопската железарница каде што со години се носел опасниот материјал, а речиси е невозможно да се утврди колкава количината опасни радиоактивни материјали се однесени во нив.
Главниот проблем со овој вид радиоактивни елементи, кој го користат воени и медицински институции, е слабата безбедност при нивното чување. Радиоактивни материјали во цивилна употреба има во различни форми: нивометри, радиографски извори, радиоактивни громобрани, аларми запожар, навигатори и радиолошки апарати. И покрај барањето на Меѓународната агенција за атомскаенергија до сите влади на членките на ОН,поради сложените процедури, кои се релативно скапи, не ги спроведуваат сите земји сугестиите за чување и за обезбедување на радиоактивните елементи што се цел на радикални групи, кои сега имаат доволно пари за да набават ваков вид потенцијално оружје. Покрај парите,милитантите, кои во обидот да мунаштетат на својот најголем непријател САД можат да удрат кај нивните послаби сојузници,треба да имаат и соодветна технологија и познавање на научните методи. Последнитеанализи,според кои Исламската држава на Ирак и на Левант има повеќе од 500 милиони долари финансиска актива,укажуваат дека многу лесно може да ги обезбеди сите три главни предуслови за создавање и за транспорт на „нечиста бомба“ таму каде што ќе процени дека има услови за тоа. Исламската држава има уште една предност што е поврзана со регионот, а тоа е добро распространета мрежа на симпатизери, регрутирачии повратници од фронтовите во Сирија и во Ирак,која ќе може лесно да се инфилтрира таму каде што е потребно. Според сите анализи, и покрај апсењата во Косово и во Албанија,главните организатори за испраќање муслимани од Балканот во Исламскадржава сѐуште не се на дофат на балканските власти.
Пред неколку години,британскотоМинистерство за внатрешни работи и официјално го призна проблемот.Спореднего, заканата од напад со „нечиста бомба“, изведен од некоја терористичка група, „сега е многу пореална“ со оглед на брзиот развој на новата технологија.
Стручњаците се плашат и од бомба со ебола
Меѓународни стручњаци последниве неколку месеци укажуваат и на можноста врз западни земји или земји што имаат блиска соработка со американските и со британските воени сили, да биде употребена „нечиста бомба“што би содржела вирус на ебола. Сомнежите се насочени кон непознат град во Велика Британија каде што би требало да експлодира направата,која во воздухот би го распрскала вирусот што „јаде човечко месо“.
Британските медиуми објавија дека стравот од вакво вид напад бил зголемен по изјавата на докторПитер Волш, професор по биолошка антропологија на Универзитетот во Кембриџ, кој важи за еден од најдобрите познавачи на материјата, а,според медиумите, има доволно податоци од британските безбедносни служби.
Според Волш,постои сериозен ризик групи поврзани со радикални движења на БлискиотИсток и во Африка да изолираат вирус во форма на прав, којако експлодира како дел од бомба во високонаселени градски подрачја може да предизвика голем број загинати лица, кои би умреле на страшен начин.
Во извештај објавен од британскатавлада во 2009 година се вели „денешнитетерористички организации имаат ’аспирација‘ да употребат вакво оружје, особено што се работи и на создавање нови експлозиви, како и на наоѓањенови начини за нивна употреба. Таквата технологија се унапредува во конфликтните зони во светот, а потоа брзо се шири“.
Според авторите на извештајот, главните закани за безбедноста на Велика Британија тогаш доаѓале од раководството на Ал Каеда, но и од терористичките групи поврзани со оваа организација, од самосоздадените групации што се служат со тероризам, како и од поединци и новосоздадени групи што се задоени со идеологијата и со практикувањето на насилството својствено за Ал Каеда.
Ураниум во рацете на ИСИС
Ирачките муџахединипред неколку недели дошле до околу 40 килограми ураниум од научна лабораторија одУниверзитетот во Мосул, но меѓународни стручњаци ја смируваат тензијата со тврдењето дека количината на смртоносниот токсин не е доволна за да се направи „нечиста бомба“. Тие тврдат дека се работи за нискоквалитетен незбогатен ураниум, кој е измешан со други хемиски елементи. Сепак, и покрај тоа што тој досега не е претворен во оружје,сите се согласуваат дека доколку ИСИС најде начин радиоактивниот материјал да го достави на поголеми далечни со проектили,постои голема веројатност да се направи примитивна експлозивна направа од ураниумот најден во Мосул. Како и американските стручњаци, и руските се согласуваат дека нема голема веројатност ураниумот да се претвори во „нечиста бомба“, но самиот факт дека членовите на ИСИС се интересираат за нуклеарни и за хемиски материјали е многу загрижувачки, е ставот напортпаролот на руското МНР во врска со кражбата во Мосул.
Пишува: Горан Момировски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


