| четврток, 6 декември 2018 |

„Металика“ влегоа во Гинисовата книга на рекорди

Легендарниот метал бенд Металика најде место во Гинисовата книга на рекорди затоа што се единствена група, која за една година свирела на седум континенти.

Ова се случило за време на нивната турнеја во 2013 година.

Групата исполни 25 концерти во 2013 година, а почетокот беше на фестивалот „Саундвејв“ во Австралија во февруари.

Турнејата заврши со специјална шоу програма што се одржа на Антарктик.

Годинашното издание на рекорди е шеесетто и ќе се појави на 10 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top