| четврток, 6 декември 2018 |

Скопските таксисти ќе учат англиски јазик

TaxiГрадот Скопје ги повика сите таксисти од лиценцираните такси компании да посетуваат обука за изучување на англискиот јазик. Обуката ќе се состои од 80 часови, односно 40 блок часови, а ќе ги држат професори по овој странски јазик. Услов за идните ученици е да не се постари од 62 години и да се вработени како такси возачи. При пријавувањето кое трае следните 45 дена, на заинтересираните ќе им се потребни се копии од личната карта и од М1/М2 образецот. Трошоците за наставата ќе бидат покриени со средства од градскиот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top