| четврток, 6 декември 2018 |

Џејми Оливер: Ме тепаа огорчени мажи

Најпознатиот британски готвач Џејми Оливер откри дека на почетокот на кариерата добивал многу ќотек од мажите кои го среќавале на улица, бесни поради тоа што нивните жени ги терале нив да работат во кујната. Сите мажи сложно го мразеле кога ја покренал својата емисија Гола кујна во деведесеттите.

Неговото богатство денес се проценува на 240 милиони фунти, а на почетокот на кариерата неговата емисија била многу контроверзна за она време, кога едвај 12 проценти до жените работеле, а мажите доаѓале дома и од врата прашувале што има за вечера.

– Мажите ме мразеа првите две, три години, многу агресивно. Ме бркаа по улици, а понекогаш дури и ме тепаа. Со текот на времето ги прифатија моите идеи и денес многумина се обидуваат да ме надминат во кујната… По пет, шест години, наместо ќотек, почнаа да ми дофрлаат ‘Да знаеш дека сум подобар од тебе’ – вели славниот готвач.

Тој вели дека сега кога прави демонстрирање на нови рецепти, во публиката има повеќе мажи отколку жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top