| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе го добие францускиот „Мистрал“ само по украинското примирје

mistral_class_helicopter_carrierФранција ќе и го испорача на Русија воениот брод „Мистрал“ под услов да се постигне прекин на огнот во источна Украина и доколку се дојде до политичко решение на тамошната криза, соопшти претседателот Франсоа Оланд, цитиран од француските медиуми.

На самитот на НАТО во велшкиот град Њупорт Оланд се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко и посочи дека до овој момент овие услови не се исполнети.

Оланд негираше дека ја донел оваа одлука под притисок на останатите западни сојузници.

Тој, меѓутоа, не пропушти да подвлече дека реализацијата на руската нарачка за двата воени брода „Мистрал“, во вредност од 1, 2 милијарда евра, француските бродоградители ги чинеле многу часови работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top