Принципите како владеење на правото, мирно решавање на конфликти, право на самоопределување – за да ја задржат својата моќ, треба исто да важат еднакво за моќните и за помалку моќните, за тие внатре во клубот, и за тие надвор, инаку, не се принципи, истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски, на состанокот на земјите контрибутори во Мисијата ИСАФ во Авганистан во рамки на НАТО Самитот во Кардиф.
– Одлични вести се што денес РМ не чувствува закана од ниту еден од соседите, а истото важи и во обратен правец. Дотолку повеќе, дејстуваме заедно во промоција на мирот, соработката и владеењето на правото. Но, принципи – како што се владеење на правото, мирно решавање на конфликти, право на самоопределување – за да ја задржат својата моќ, треба исто да важат и за моќните и за помалку моќните, и за тие внатре во клубот, и за тие надвор. Инаку, не се принципи, заклучи Попоски, кој е шеф на македонската делегација на НАТО Самитот во Кардиф.
Како што соопшти МНР, тој во своето обраќање на состанокот потенцираше дека Македонија испрати скоро половина од своите војници во меѓународна мисија во одбрана на владеењето на правото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


