На 7 септември, в недела, со почеток во 20 часот, под мостот „Близнак “ на кејот во Ново Лисиче, општина Аеродром, по вторпат ќе биде прогласена слободна зона за забава. Фестивалот „Слободна зона“ (Free Zone) оваа година нуди повеќе часовна забава, сè до 5 часот наутро, најавуваат организаторите од „Иноватива груп“.
Диџеј Че од 20:00 до 21:00 часот – хип-хоп
„Фјучр инк“ од 21:00 до 22:30 часот – техно и прогресив хаус
Марко Логаут од 22:30 до 00:30 часот – поп-рок
Бора Чорба од 00:30 до 02:30 часот – рок
Диџеј Ник Капа од 02:30 до 05:00 часот – денс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.