| четврток, 6 декември 2018 |

Tајзи ја затвора оваа сезона во аквапаркот во Пробиштип

Аквапаркот во Пробиштип ја најавува последната забава со ноќно капење за оваа сезона со настапот на Тајзи во сабота, на 6 септември.

Забавата со Тајзи почнува од 21.30 часот. Билетите во предпродажба чинат 100 денари, а на влезот на аква паркот, пред забавата ќе бидат 150.

По успешниот Аквапарк фестивал минатиот викенд, и цела серија ноќни забави во текот на летото, Тајзи ќе ја затвори сезоната во сабота. Тимот на Аквапарк, Пробиштип најавува многу „Jagermainster“ награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top