Британската пејачка Талија Барнет, најпозната како FKA Twigs, наводно е новата девојка на холивудскиот актер Роберт Патинсон.
Двојката е снимена заедно пред еден хотел во Њујорк, а американските медиуми тврдат дека веќе еден месец се заедно.
Патинсон неколку години беше во врска со колешката Кристен Стјуарт, но таа го изневери и стави крај на врската. Потоа, тој беше поврзуван со многу колешки и пејачки.
Дваесет и шест годишната пејчка е позната по својот морничав изглед и чуден имиџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


