Во идната Европска комисија не е планирано место за комесар за проширување, објави денеска порталот ЕурАктив повикувајќи се на интерен документ од Комисијата.
Во документот што го подготви службата на новонаименуваниот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер наведени се имиња на комесари и нивни идни ресори.
Документот е со датум од 2 септември и не е конечна верзија.
Австријанецот Јоханес Хан би требало да биде именуван за комесар за политика со соседи која доби на значење поради украинската криза, но не се знае дали во негов ресор евентуално би била и политика за проширување.
Во рамки на подготовките, Јункер почна разговори со кандидатите за комесари, а составот на Комисијата ќе го соопшти во следната недела.
Не е предвидено место ниту за комесар за внатрешен пазар, а местото комесар за дигитална агенда ќе биде заменето со место потпретседател за дигитачни прашања и иновации што би требало да го рпеземе словенечката премиерка Аленка Братушек.
Се воведува и функција потпретседател за прописи, што би требало да наиде на задоволство кај Дејвид Камерон кој како британски премиер водеше кампања за намалување на бирократски процедури во одлучување во ЕУ.
Во Комисијата покрај комесар за енергетика ќе постои и потпретседател за енергетска унија. Се воведува и место потпретседател на ЕК за раст економија и монетарна унија и социјален дијалог. Предложено ќе биде ЕК да има шест потпретседатели од кои еден ќе биде задолжен за буџетот и финанскска контрола.
Идната ЕК, според документот ќе биде политички урамнотежена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.