| четврток, 6 декември 2018 |

Благоја Куновски во жирито на филмскиот фестивал во Венеција

Благоја Куновски.

Од 27 Август до 7 Септември, во Венеција, најстариот светски филмски фестивал- се одржува 71 издание на популарната Мостра на Лидо. Фестивалот бeше отворен со првиот од 20-те селектирани филмови од најновата светска филмска продукција-ПТИЧАРОТ на водечкиот латиноамерикански режисер Алехандро Гонзалес Инариту, кој е во трката за Златниот лав на Венеција.

Како претставник на Република Македонија, по четврти пат, во жирито на федерацијата на филмската критика-ФИПРЕСЦИ, членува филмскиот критичар и долгогодишен уметнички директор и селектор на Главната Компетиција на фестивалот Браќа Манаки- Благоја Куновски. Покрај него во 6 членото угледно жири членуваат, во својство на претседател, истакнатиот ветеран на британската филмска критика и критичар на Лондонските весници Гардиан и Ивнинг Стандард-Дерек Малколм, потоа Ева Пејдро од Шпанија, Јон Асп од Шведска како и двајцата италијански претставници, критичарите Кјара Тоњолоти и Серџио ди Џорџо. Жирито на ФИПРЕСЦИ, ќе ја додели својата награда на најдобриот филм од главната компетиција-Венеција 71, како и на најдобрите филови од паралелните програми, Хоризонти и на најдобриот дебитански филм од Неделата на критиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top