Со доаѓањето на Радамел Фалкао во составот на Манчестер Јунајтед, менаџерот Луи ван Гал сега има голем избор за кој напаѓач да се одличен.
Робин ван Перси и Вејн Руни беа изборот на холандскиот фудбалски стручњак во формацијата 3-5-2, додека од клубот се преселија Дани Велбек и Хавиер Чичарито Ернандез.
Ван Перси му порача дека ќе треба да се потруди и да го заслужи местото во тимот.
– Среќен сум со доаѓањето на Фалкао. Со Колумбиецот ќе бидеме подобар состав. Најдобрите клубови се обидуваат да бидат што подобри, како и јас – вели Холанѓанецот.
– Фалкао ќе треба да се потрди за место во тимот, како и јас што го заслужив кога дојдеов. Заедно со Руни и со Џејмс Вилсон ќе треба да се истакнеме, за доброто на Манчестер Јунајтед – заклучи искусниот ван Перси.
Англиските медиуми тврдат дека токму Холанѓанецот ќе биде на клупата за резерви, додека Руни на три натпревари постигна еден погодок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


