| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Перси се врати во репрезентација, но само на половина час

Кратко траеше враќањето на Робин Ван Перси во дресот на репрезентацијата. Фудбалскиот сојуз на Холандија соопшти дека Ван Перси во натпреварот против Франција заработил повреда на коленото и нема да биде во комбинација за следниот натпревар на „лалињата“ кои е го играат против Бугарија во Амстердам.

За Ван Перси ова беше прв репрезентативен настап по пауза од две години и на теренот помина околу половина час.

Поразот од Франција ја остави селекцијата на Холандија на четвртото место во Групата А со 10 бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top