| четврток, 6 декември 2018 |

Утврдена автентичноста на снимката со американскиот новинар

jihАмериканската агенција за национална безбедност, после направената анализа,ја потврди автентичноста на снимката на која е прикажано како е убиен америчкиот новинар Стевен Сотлоф.
Британскиот премиер Дејвид Камерон свика ванредна седница на комитетот за вонредни ситуации по повод убивањето на америчкиот новинар, од страна на членови на групата „Исламска Држава“ и најавите дека следен на ред е Британски државјанин.

Се работи за британски државјанин кој е во брак со Хрватска државјанка, а министерството за надворешни работи на Хрватска од безбедносни причини не сака да даде никакви изјави во врска со случајот. На вонредниот состанок присуствуваа и министерот за одбрана Мишел /Фалон и поранешниот министер за надворешни работи Вилијам Хаг.

На снимката маскираниот припадник на групата соопштува дека следен е британски државјанин, поради американските бомбандирања на бунтовниците во северен Ирак.

Велика Британија засега не учествува во американските напади, но помага во наоружувањето на курдските борци во северен Ирак и со авиони доставува помош до опколеното население на планината Синјар и во градот Емерли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top