| четврток, 6 декември 2018 |

„До балчак” во трка по Оскар?!

do balcak1

Македонскиот филм „До балчак” на режисерот Столе Попов е единствениот пријавен кандидат за македонски кандидат за престижната награда Оскар, соопшти Друштвото на филмски професионалци на Македонија.

Комисијата во состав на Роберт Насков (продуцент) претседател на Комисијата, Димитар Попов (директор на фотографија), Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф) и Горан Игњатовски (дизајнер на шминка/маска) ќе одлучуваат дали филмот ќе ја претставува Македонија во конкуренцијата за Оскар од неанглиско говорно подрачје. Филмот е сниман по сценарио на Горан Стефановски.

Македонската премиера ќе ја доживее на 14-ти септември во 20 часот, на фестивалот “Браќа Манаки” во Битола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top