Фудбалскиот сојуз на Германија (DFB) најави дека ќе се кандидира за организација на Европското фудбалско првенство во 2024-та година.
Германците се уверени дека ќе ја добијат организацијата, а посебно се оптимисти откако од Англискиот фудбалски сојуз (FA) најавиле дека ќе ја поддржат нивната кандидатура, доколку пак DFB ја поддржи нивната кандидатура која ќе ја поднесат четири години подоцна.
„Со Англија веќе разговаравме за тоа, не би требало да има проблеми. Ако добиеме поддршка од другите, уверени сме дека ќе бидеме домаќини, но пред тоа ќе ја откажеме организацијата на натпреварите од ЕП 2020“, изјави генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Германија, Хелмут Сандрок.
Поддршка за кандидатурата на Германија даде и претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах: „Инфраструктурата за организација на Европското првенство веќе постои. Германија има најдобри стадиони во Европа, така да не гледам никакви потешкотии“, изјави Бах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.