| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: НАТО нема да се поколеба да ги заштити сите свои членки

obamaАмериканскиот претседател Барак Обама за време на посетата на главниот град на Естонија, Талин изјави дека НАТО нема да се поколеба да ги заштити сите свои членки, дури и да се наоѓаат на периферијата на Алијансата.

– Ќе бидеме во Естонија. Ќе бидеме во Летонија. Ќе бидеме во Литванија. Во минатото вие веќе еднаш сте ја загубиле својата независност. Со НАТО повеќе никогаш нема да ја загубите, рече Обама.

Балтичките земји стравуваат дека Москва може и против нив да ги искористи аргументите за заштита на руското население, како што тоа го сторила во источна Украина.

– Ја отфрламе лагата дека луѓето не можат да живеат заедно поради тоа што имаат различно потекло или говорат на различни јазици, рече Обама.

По средбите во трите балтички земји Обама отпатува за Велс, каде утре почнува самитот на НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top