
Научниците кои ги изучуваат климатските промени се погласно предупредуваат дека во идниот период на нашата планета и се заканува апокалипса.
Во првата деценија на 21 век просечната температура на површината на Земјата пораснала за 0,47 степени Целзијусови.
Научниците пресметале дека зголемувањето на просечната температура за 1 степен Целзијусов би го зголемило испарувањето на водата во атмосферата за седум отсто. Тоа би довело до посилни воздушни струења и почести временски непогоди и обилни врнежи.
Зборот апокалипска кој означува крај на светот, често се слушаше и на Првата меѓународна конференција на метеоролозите, која во август се одржа во Монтреал, пренесе Радио Слободна Европа.
Илјада научници од целиот свет пет дена расправаа за климатската иднина на планетата, а заклучоците ниту малку не се оптимистички.
Протоколот од Кјото, кој стапи во сила пред 10 години, само е празна буква на хартија. Се подразбираше намалување на емисијата на штетни гасови и ефектите на стаклена градина, со што би се спречило идно неконтролирано затоплување на нашата планета, но земјите потписнички не го почитуваа.
Поради тоа, велат научниците, продолжува глобалното затоплување, а поради тоа се повеќе се топат површините на половите. Тоа предизвикува климатски промени со чести временски непогоди и несогледливи последици.
Извесно е дека во наредниот период на нашата планета ќе се менуваат екстремни студови и екстремни вруќини и суши. Научниците прогнозираат дека обилните дождови ќе предизвикаат чести и неочекувани поплави и свлечишта. Зголемените воздушни струења во идниот период можат да ја загрозат безбедноста на авионскиот и поморскиот сообраќај.
Веќе сега можат да се слушнат информации за џиновиски бранови кои на некои мориња и океани се високи и од 40 метри, а се до неодамна бранови со висина од 20 метри биле вистинска реткост.
Тоа не е крај на црните прогнози на научниците. Тие тврдат дека огромниот ледник на Гренланд се топи и дека нивото на океанот, во случај на идно глобално затоплување на Земјата, може да се зголеми за шест метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема да ја дочекаме Нова година: Оваа жена најавува дека ќе дојде апокалипса
-
Апокалипсата пристигнува пред Нова година: Земјата ќе го почне својот 1.000 годишен одмор?!
-
Крајот на светот ита кон нас, но тоа не е астероид туку нешто многу поголемо и пострашно
-
Србија во паника: коњите на Апокалипса се појавија на небото (фото)


