Украинскиот претседател Петро Порошенко очекува дека контакт групата за Украина на состанокот во Минск в петок ќе го означи почетокот на мировниот процес во Украина во согласност со спогодбата, која беше постигната меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.
– Искрено се надевам дека мировниот процес конечно ќе почне в петок во Минск, рече Порошенко.
Тој истакна дека украинскиот народ целосно го поддржува мирот, „додека политичарите сакаат да си играат војна“.
Претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), на Украина и Русија в петок во Минск треба да одржат нови преговори за ставање крај на конфликтот меѓу новите украински власти и проруските бунтовници во источниот дел на земјата, кој изби пред шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


