| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Електра“ во режија на Андриј Жолдак в петок на сцената на МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) в петок премиерно ќе биде одиграна претставата „Електра“ во режија на Андриј Жолдак.Жолдак е еден од најголемите режисери на денешницата во Европа. Тој е добитник на наградата „Уметник на УНЕСКО“ во 2004 година, а годинава се закити и со највисокото признание од областа на театарот во Русија, наградата „Златна маска“ за режија.

elektra-7

Станува збор за претстава што се занимава со индивидуата во општеството и со внатрешниот свет на човекот. Таа е пример за тоа како една вечна тема станува современа.

elektra-6

– Поставив претстава што е мој автопортрет и зборува за тоа каков сум јас во животот. Јас сум Електра. Ова е претстава за темната страна на човекот, за тоа што се случува во нашата глава, за вербата во себе, за нашите гревови, за семејството… – вели режисерот Жолдак.

elektra-16

Покрај Дарија Ризова, која ја толкува улигата на Електра, во претставата играат и:  Арна Шијак, Ѕвезда Ангеловска, Александар Ѓоргијовски, Никола Ацески, Славиша Кајевски, Борче Начев, Анастазија Ташковска, Михаела Николоска и Александар Михајловски. Целата екипа е согласна дека „Електра“ ќе биде претстава – пример за идните генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top