Продукцијата која стои позади успешниот проект наречен „Монтевидео“, повторно ќе овековечи вистински спортски настани на големото платно, овојпат посветени на југословенската кошарка.
Филмот и серијата, „Ќе бидеме прваци во светот”, посветени на основачите на познатата југословенска школа на кошаркара и првиот златен медал освоен на шампионатот во Љубљана во 1970 година, започнаа со снимање во Белград.

Во режија на Дарко Бајиќ, проектот ќе се работи во копродукција со партнери од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Во главните улоги ќе настапи дел од екипата на „Монтевидео“, а свои улоги ќе имаат многу балкански актери, меѓу кои и нашиот Тони Михајловски.
Некои сцени од филмот ќе се снимаат и во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


