| четврток, 6 декември 2018 |

Седми роденден на „Вип“ – 7 недели со 7 одлични паметни телефони

Во месецот кога прославува седум години на македонскиот пазар за мобилна телефонија, „ВИП“ на своите постпејд корисници им нуди единствена можност во текот на седум недели да одберат седум одлични паметни телефони. Имено, почнувајќи од вчера, и секој следен вторник, „Вип“ на своите корисници ќе им понуди по еден паметен телефон неделно по одлични услови.

Заедно со оваа понуда, постпејд корисниците кои ќе го обноват или случат нов договор на 24 месеци, во текот на промотивниот период до средината на октомври оваа година, добиваат и 3 GB дополнителенбесплатен интернет месечно во текот на траењето на договорот.

– Во текот на седум години од комерцијалното работење на „Вип“ во Македонија, горди сме што им овозможуваме на корисниците неограничена комуникација по достапни цени. Радоста е вистинска ако се сподели токму со корисниците, и затоа во месецот кога „Вип“ го прославува својот седми роденден, им нуди можност на своите постпејд корисници, постојните и новите да добијат одлични паметни телефони по одлични услови. Секогаш излегувајќи пресрет на потребите на корисниците за најсовремени услуги, „Вип“ им подарува на сите корисници кои ќе го продолжат или склучат нов договор 3 GB интернет месечно. Остануваме верни на нашето ветување Повеќе за вас – изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на „Вип“.

Роденденската понуда на „Вип“ започнуваденес, со одличниот паметен телефон Alcatel Idol 2 Mini S, кој ќе биде достапенза 99 денари месечна рата со тарифниот модел Vip 666. Овој паметен телефон поддржува 4G LTE, со што корисниците можат да уживаат во навистина брз мобилен интернет на 4G LTE мрежата на „Вип“ со најголема покриеност во Македонија. Оваа понуда важи до 8 септември, а веќе од наредниот вторник ќе следи нова понуда.

Посебна предност имаат сите корисници на мобилната апликација “Мојот Вип ”, достапна за бесплатно симнување за Android корисници на Vip Store како и на Google play, кои покрај бројните привилегии, во делот  “Понуди за Вас” ќе можат први, ден пред сите да добијат информации што следува наредната недела во роденденската понуда.

Повеќе информации за условите за плаќање на рати, за роденденската понуда на Вип и за мобилната апликација “Мојот Вип” корисниците можат да добијат на веб страницата на Вип www.vip.mkили во контакт центарот со јавување на 077 1234.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top